Ердоган продолжува со закани: Повлекување од Ирак не доаѓа предвид!
Претседателот на Турција Таип Ердоган во четвртокот изјави дека во моментов не се дискутира и е исклучено, турските војници да се повлечат од Ирак, откако Багдад ја обвини Анкара за испраќање на нив без дозвола на земјата, пренесе "Ројтерс".
Односите меѓу двете земји се влошија по барањето на владата на Ирак. Турскиот амбасадор во Ирак беше повикан во саботата, за во рамките на тренинг мисија за поддршка на борбата против групата Исламска држава да бидат повлечени војниците.
Министерството за надворешни работи на Ирак изјави дека турските сили влегле на ирачка територија, без знаење на Багдад, кој гледа на нивното присуство како "непријателски чин".
Турција распоредила војници во близина на Модул од минатата година, но пристигнувањето на новите војници минатата недела предизвика незадоволство на Багдад и ја принуди Анкара да престане со новото распоредување.
Ердоган посочи пред новинарите денеска дека војниците се распоредени во 2014 година како одговор на барање од страна на ирачката влада. Тој истакна дека воениот контингент не вклучува борбени сили.
"Во моментов нема да има повлекување. тоа не доаѓа предвид", рекол Ердоган.
Турскиот претседател изјавил дека трилатералниот состанок со учество на одговорни претставници од Турција, САД и автономниот регион на Ирачки Курдистан ќе се одржи на 21 декември.
Ирак го затвори своето трговско претставништво во Истанбул во знак на протест.
