Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Признавањето на ерменскиот геноцид сериозно ќе влијае на билатералните односи

Ердоган: Признавањето на ерменскиот геноцид сериозно ќе влијае на билатералните односи
Усвојувањето на резолуцијата за признавање на ерменскиот геноцид во германскиот парламент ќе има сериозни последици за односите меѓу Турција и Германија. Тоа го изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по признавањето на ерменскиот геноцид од страна на Германија. „Оваа резолуција сериозно ќе влијае на турско-германските односи“, рече Ердоган пред новинарите во Кенија, каде е во посета. Тој посочи дека по враќањето во Турција ќе биде донесена одлука за „патишта“, кои неговата земја ќе ги донесе како одговор на одлуката на Германија. Во четвртокот Турција објави дека го отповикала амбасадорот Хусеин Карслоглу од Берлин, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на германскиот весник Билд. Одлуката е донесена во врска со резолуцијата на германскиот парламент за признавањето на ерменскиот геноцид.
Слично

Поврзани вести