Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Приврзаниците на Ѓулен и давале поддршка на ПКК

Ердоган: Приврзаниците на Ѓулен и давале поддршка на ПКК

Приврзаниците на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен и давале некаква поддршка на Курдската работничка партија (ПКК) во денешните напади во источна Турција, изјави претседателот Реџеп Ердоган.

Според него „терористичката организација на фетхулалистите“(ФЕТО) им ги обезбедувале на ПКК потребните „податоци и информации“.

Ердоган истакна дека нема разлика меѓу терористичката група „Исламска држава“, ПКК и ФЕТО.

При денешните напади загинаа 9 лица, а над 200 беа повредени или настрадаа во еден и друг степен.

Слично

Поврзани вести