Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган пресуди: За терористи како Ѓулен нема место во САД!

Ердоган пресуди: За терористи како Ѓулен нема место во САД!

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган во интервју за Ројтерс вели дека САД не треба да чуваат терорист како проповедникот Фетхулах Ѓулен и дека неговата активност треба да биде забранета насекаде во светот.

Турција смета дека Ѓулен стои зад обидот за државен удар од 15 јули, забележуваат агенциите. Ердоган изјави дека вонредната состојба, воведена по обидот за преврат, може да се продолжи од парламентот.

Турскиот претседател исто така, рече дека сирискиот лидер Башар Асад не треба да биде дел од евентуална преодна влада и дека територијалниот интегритет на Сирија треба да биде почитуван од другите земји.

„Турција ги одржа своите ветувања во врска со процесот за пристапување кон ЕУ. Тоа е двонасочна улица и ЕУ, исто така треба да ги исполни ветувањата" - кажа тој за односите на земјата со ЕУ. 

Ние не сме го завршиле овој процес,  ние сакаме ЕУ да биде искрена во врска со овој процес, додаде Ердоган, кој е во Њујорк за учество на  годишната сесија на Генералното собрание на ОН.



Слично

Поврзани вести