Ердоган повторно искажа омраза кон каматите: Ќе го прекинеме овој круг
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган од Истанбул изјави дека каматната стапка ги прави богатите побогати, сиромашните посиромашни и најави дека ќе ја скрши „таа машина“, јавува Анадолија.
Ердоган зборуваше на митинг на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во Истанбул.
„Нашата борба е борба на волја за нов развој и напредок против оние кои сакаат да ја уништат цивилизацијата што ја претставуваме и да го спречат напредокот на нашата нација. Нашата борба вреди секоја жртва, време и имот, а исто така и живот кога е потребно“, рече Ердоган
Ердоган зборуваше за економските случувања во Турција како и за зголемената инфлација и повтори дека главните причини за високата инфлација се високите каматни стапки.
„Со нашата нова економска програма, забрзано се движиме кон зацртаната цел Турција да ја ставиме меѓу првите 10 економии.
Каматните стапки ги прават богатите побогати, а сиромашните посиромашни. Ќе го прекинеме овој круг и ќе дозволиме нашиот народ да ја постигне својата главна цел“, рече Ердоган.
