Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган победи, но рекордни инфлации ја клекнуваат Турција на колена

Ердоган победи, но рекордни инфлации ја клекнуваат Турција на колена

Инфлацијата во Турција значително се зголеми во јуни, достигнувајќи 15,39 отсто, по победата на Реџеп Таип Ердоган по претседателските и парламентарните избори, објави Институтот за статистика на Турција, а економските медиуми, според некои економски проекции, тврдат дека динамиката на растот на цените белеѓи рекорд.

Според податоците на Институтот, потрошувачките цени се зголемени за 2,61 отсто од мај кога достигнаа највисоко ниво. Во мај инфлацијата изнесуваше 12,15 отсто, а во април 10,85 отсто.

Најголем месечен пораст на цените е забележан кај храната и безалкохолните пијалоци - 5,98 проценти. Најголем пораст на цените на годишна основа има кај транспортот - 24,26 проценти.



Слично

Поврзани вести