Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган побара од САД да му го испорачаат Гулен

Ердоган побара од САД да му го испорачаат Гулен

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган повика денеска САД да го екстрадираат проповедникот Фетхулах Гулен, кого тој го смета за одговорен за извршениот неуспешен обид за државен удар, пренесе Франс прес.

Тој живее во Пенсилванија и е меѓу најбараните терористи во Турција.

„САД, вие треба да го екстрадирате овој човек. Велев дека треба или да биде депортиран овој човек, или да ни го предадете. Сега, по овој обид за државен удар, повторно повторувам: предајте го на Турција“ - рече Ердоган.

Ердоган истакна дека ако Турција и САД се стратешки партнери, тие треба да ги исполнуваат условите на ова партнерство.

„За среќа обидот за преврат се оствари не така, како што сакаа организаторите“ - вели Ердоган.

Самиот Гулен негираше дека стои зад обидот за преврат и го осуди овој чин.

Слично

Поврзани вести