Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган пак им се заканува на Грците да не си играат со нивното трпение

Ердоган пак им се заканува на Грците да не си играат со нивното трпение

Повторно упатени закани од Турција кон Грција. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повторно се закани на Грција со воен одговор „доколку продолжат провокациите”. Мисли на случајот од скоро кога турските воени авиони биле цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море.

„Ако имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и се закани за нас, еден ден ќе го изгубиме трпението. Кога ќе го изгубиме, сè може да се случи“, одговори Ердоган. 

Турскиот претседател вели дека ова е се случува првпат. Новите тензии почнаа на 23 август, кога, според турското Министерство за одбрана, Грција распоредила системи за противвоздушна одбрана С-300 од руско производство за да таргетираат турски авиони Ф-16 за време на вежбата на НАТО. Но, Грција ова Атина го негира.

ЕУ го опомена Ердоган поради заканите. Ердоган и претходните години ја потенцираше воената надмоќ на Турција над Грција.

Слично

Поврзани вести