Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН ОТКРИ: Зошто му напишал писмо на Путин?

ЕРДОГАН ОТКРИ: Зошто му напишал писмо на Путин?

Руско-турските односи имаат многу големо значење за регионот во кој овие земји играат одлучувачка улога, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Меѓу Турција и Русија се случи инцидент со авионот и негативните последици од него продолжија околу осум месеци. Потоа ние напишавме писмо и предложивме да се прекине овој процес, бидејќи односите меѓу Русија и Турција имаат исклучително големо значење за регионот. Затоа јазот помеѓу две држави во регионот и дистанцирање меѓу нив е погрешно. Проблемите треба да се решаваат. Покрај тоа, ние изразивме жал во врска со она што се случило и добивме позитивен одговор“, истакна турскиот лидер во интервју за телевизија TRT.

Потсетувајќи на претстојната средба на 9 август со Владимир Путин во Санкт Петербург, Ердоган истакна дека надворешната политика на Турција не треба да се базира на принципот: „Остави го едниот и се фати за другиот“.

Слично

Поврзани вести