ЕРДОГАН ОСТАНУВА СУЛТАН: Победа на неговата партија на изборите во Турција
Влаадеачката Партија на правдата и развој (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на превремените парламентарни избори одржани во Турција.
Според првите прелиминарни резултати пребројани се 51,85 одсто од изборните ливчиња, а во водство е владеачката АКП со освоени 331 застапничко место во Собранието.
АКП очекува повторно да освои мнозиниство и ќе биде во можност сама да формира влада после денешните општи избори, изјавиле двајца високи претставници од партијата додека резултати од избирачките места пристигнуваат.
Еден од претставниците рекол за Ројтерс дека АКП очекува според конечните резултати на изборите да освои помеѓу 45 и 46 одсто од гласовите.
Со речиси половина пребројани гласови, АКП има 53,2 одсто, според резултатите кои ги објавила државната телевизија.
Резултатот и понатаму може значајно да се промени, бидејќи броењето на гласовите не е завршено во најголемите градови.
-Доколку овој тренд продолжи, веројатно дека ќе имаме влада на една партија-рекол друг претставник.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/lnJPQ_g-TUM[/embed]


