Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган од Скопје добил дојава за можен атентат?

Ердоган од Скопје добил дојава за можен атентат?

Агенциите за разузнавање добиле предупредување дека врз турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, би можел да биде извршен атентат, објави агенцијата „Анадолија“.

Во соопштението пишува дека атентатот би можел да биде извршен за време на посетата на Ердоган на балканските земји. Ердоган денеска ќе пристигне во работна посета на БиХ и ќе одржи предизборен собир на „Зетра“, на кој се очекува да присуствуваат од 10.000 до 15.000 Турци.

На турските разузнавачки агенции им било дојавено дека лица од турско потекло се подготвуваат за обид за атентат врз Ердоган. Наводно, извештајот дошол од група турски граѓани кои живеат во Скопје.

Во моментов во тек е детална разузнавачка истрага, но за истата нема детали.

Слично

Поврзани вести