Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН ОБВИНУВА: НАТО им праќа оружје на терористите наместо на Турција

ЕРДОГАН ОБВИНУВА: НАТО им праќа оружје на терористите наместо на Турција

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган смета дека одбранбената индустрија на Турција мора да биде самоодржлива до 2023 година.

„Турската одбранбена индустрија мора 100 одсто да се потпре сама на себе во време на зголемените закани“, изјавил претседателот на оваа држава рекол Ердоган.

Говорејќи на церемонијата на одбележување на инаугурација на изградбата на амфибискиот брод, тој рекол како зависноста на Турција за странски компоненти во одбранбената индустрија паднала од 80 одсто, која изнесувала во 2002 година , на 40 одсто.

„Наша цел е таа да биде во целосно самодоволна до 2023 година“, додаде тој.

Истакнувајќи како производството на амфибискиот брод е прв чекор на пат кон изградба на најдобриот носач на авиони на светот, турскиот лидер подвлекол како неговата земја мора да биде поактивна надвор од своите граници.

„Всушност, ова го гледам како еден задоцнет чекор во време кога доаѓа до пораст на заканите против Турција, во време кога мораме да бидеме видливи на меѓународната сцена“.

Ердоган критикувал некои членки на НАТО алијансата-не рекол директно која-поради одбивањето да и продадат оружје на Турција, користејќи ги „како изговор“ на судирите во источните и југоисточните региони на неговата држава.

„Да ви кажам тоа се НАТО сојузници. Кога постојат закани против Турција поради кризата во Сирија, овие држави на терористичките групи праќаат оружје, но за жал, не го поддржуваат својот пријател Турција. Потоа ми кажуваат да не говорам пред медиумите за ова прашање. Во ред ...Но, зошто тогаш вие им праќате оружје на терористички групи? Тоа е причина зошто ние мораме да бидеме самодоволни“, рекол турскиот претседател.

Слично

Поврзани вести