Ердоган: Ниту еден Европеец нема да се шета безбедно!
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган инсистира Европа да го промени своето однесување
Ердоган кажа дека Европејците нема да бидат во можност да се шетаат безбедно на улиците, ако го задржат сегашниот однос кон нив, соопшти Ројтерс.
„Ако Европа продолжува на овој начин, ниту еден Европеец во кој и да е дел на светот, нема да може да се шета безбедно по улиците. Ја повикуваме Европа да ги почитува правата на човекот и демократијата"- истакна Ердоган пред новинарите во Анкара.
Турција се најде во виорот на дипломатски скандал со Германија и Холандија, откако властите на двете европски држави откажаа настапи на политичари на Анкара, кои агитираат во корист на претстојниот референдум на 16-ти април, преку кој се планираат уставни промени, овозможувајќи повеќе овластувања на претседателот.
