Ердоган: Нема да одговараме на руските „емоционални“ санкции!
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјавил денес дека неговата земја нема да одговара на „руските емоционални санкции“, кои Москва ги воведе после соборувањето на рускиот воен авион.
„Русија е наш стратешки партнер, ние ќе продолжиме да ги снабдеваме со производи, вклучувајќи и храна“, рекол Ердоган во интервју за турски медиуми.
Тој навел дека таквите потези на Русија не се во согласност со „државно достоинство“.
„Турција нема да се служи со ефтин јазик како тие... Очекуваме да ја променат реториката“, рекол Ердоган, наведувајќи дека Москва на инцидентот реагирала емоционално.
Според неговите зборови нема да има одмазда кон Русите кои живееат во Турција.
„Реципроцитет е нешто што се користи во рамки на законот“, додал Ердоган.
„Путин многу работи кажал за мене како чесен шеф на држава“, нагласил Ердоган.
Турција во вторникот на границата со Сирија собори руски бомбардер. Тоа е прв пат во половина век една НАТО членка да собори еден руски авион, што наиде на остра реакција од Москва.
Медведев вчера потпиша декрет на владата со кој се воведуваат низа санкции кон Турција поради уривањето на рускиот воен авион.
