Ердоган: Не земајте кредитни картички само за да се фалите, банките ве мамат
Нов напад кон финансиската заедница, која очекува турската централна банка следна недела да ги зголеми трошоците за задолжување со цел стабилизација на валутата, упати премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Обвинувајќи ги банките дека ги „заробиле“ луѓето во сиромаштија поради високите камати, тој ги повика граѓаните да не користат кредитни картички, со чија помош банките се обидуваат да ја ослабнат економијата.
„Не земајте кредитни картички. Кој плаќа со тие пари? Не богатите, туку сиромашните, кои умираат за да добијат кредитна картичка и да се пофалат со нејзе. Парите сепак ќе исчезнат пред крајот на месецот. Мора заедно да се спротиставиме на таа игра“, рекол Ердоган.
Слично
