Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Не сакаме ескалација, но си ги штитиме границите и браќата

Ердоган: Не сакаме ескалација, но си ги штитиме границите и браќата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека земјата не сака ескалација на тензиите помеѓу неа и Русија, но не може да „замолчи“, кога нејзината граничната безбедност е загрозена. Изјавата на Ердоган доаѓа во сложена ситуација, откако турските воздухопловни сили го соборија рускиoт авион над границата со Сирија вчера.

„Немаме намера да ескалираат тензиите поради инцидентот. Само ја заштитивме нашата безбедност и правата на нашите браќа“, изјавил Ердоган во телевизиското обраќање.

Турција предупреди неколку денови пред соборувањето на рускиот авион дека ќе го штити малцинството Туркменистанци- Сиријци кои се борат против режимот на Башар Асад и се бомбардирани од руски авиони.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјавил дека инцидентот може да има „трагични последици“ за односите помеѓу двете земји. Министерот за надворешни работи на Кремљ, Сергеј Лавров ја откажа посетата на Турција, која требаше да се одржи денес и да вклучува разгледување на проблемот со Туркменистанци -Сиријци, бомбардирани од Русија.

Според воените наоди на Турција, авионот „Су-24“ влегол во турска територија и бил предупреден неколку пати, пред два борбени авиони F-16 да го соборат.

Подоцна руски хеликоптер, кој учествуваше во операцијата за спасување на двајцата катапултирани пилоти, беше соборен со противтенковски проектил од сириски бунтовници.

Откако ги прекинаа воените контакти со Турција, руското Министерство за одбрана соопшти дека испраќа во Медитеранот крстосувачот со противракетен систем, кој ќе ги уништува „сите цели кои претставуваат потенцијална закана“ за руските сили во Сирија.

Анкара и Москва се наоѓаат од двете страни на сирискиот конфликт. Додека Турција категорично е против владеењето на претседателот Башар Асад, Русија ја поддржува неговата власт. На крајот на септември, земјата започна воздушна кампања во Сирија, која според Москва е насочена против „Исламска држава“, но според Западот нејзина цел се силите против Асад.

Претходно, рускиот амбасадор во Франција, Александар Орлов даде сигнал за можно намалување на меѓународните тензии, откако изјави дека Турција е „добредојдена“ во голема воена коалиција против „Исламска држава“, предводена од Русија.

Вчера партнерите на Турција во НАТО, исто така ги повикаа двете страни да разговараат за инцидентот и да не дозволат ескалација на тензиите помеѓу себе.

Слично

Поврзани вести