Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган не може да ги остави граѓаните да се смрзнуваат и нема да се приклучи на санкциите

Ердоган не може да ги остави граѓаните да се смрзнуваат и нема да се приклучи на санкциите

Турција сепак нема да воведе санкции за Русија. 

Нема да се приклучиме кон санкциите против Русија, вели турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Тој вели дека не може да дозволи турските граѓани да смрзнуваат без гас. 

„Што се однесува до санкциите, ние проучуваме одредени насоки на ОН, но да не заборавиме дека не можеме да ги оставиме настрана нашите односи со Русија. Тоа го објаснив многу одамна, бидејќи денес, само кога станува збор за гасот, приближно половина од природниот гас што го користиме доаѓа од Русија“, рече Ердоган, пренесува Тасс, повикувајќи се на онлајн изданието на „Хуриет“.

Тој додаде дека, освен тоа, Турција ја гради нуклеарната централа Акују со Русија и дека тоа не може да се игнорира. Ова му го кажал и на францускиот претседател Емануел Макрон, и тој признал дека Ердоган е во право. 

„Прво, не можам да го оставам мојот народ да замрзне во зима, и второ, не можеме целосно да ја рестартираме нашата индустрија сами“, рече Ердоган.

Тој  повтори дека властите „треба да ги заштитат своите граѓани“. Откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 минатиот месец, многу земји воведоа санкции против неа. Русија се соочува со висока инфлација. Трошоците за живот растат. 

Слично

Поврзани вести