Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Не „Исламска држава“, туку Башар Асад е најголемиот терорист

Ердоган: Не „Исламска држава“, туку Башар Асад е најголемиот терорист

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека претседателот на Сирија, Башар Асад е „поголем терорист" од групата „Исламска држава".

Во градот Килис, кој се наоѓа во близина на границата со Сирија, Ердоган рече дека сирискиот лидер е одговорен за смртта на 600.0000 од неговите сонародници и е главната причина за војната во Сирија.

„Тој е поголем терорист од Сириската курдска милиција (СРМ) и од Даеш“ - изјави турскиот претседател.

Анкара  ги обвинува сириските курдски милиции во терористички активности поради нивните врски со курдските бунтовници во Турција, потсетува АП.

При нападот врз аеродромот „Ататурк” на 28 јуни загинаа најмалку 44 луѓе.  Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но турските власти велат дека според нив таа е дело на „Исламска држава”. Турција приведе најмалку 24 лица поврзани со атентатот  во акции во неколку предградија на Истанбул.

Слично

Поврзани вести