Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН НАРЕДИ: Aко купувате имот во Турција, еве како ќе платите

ЕРДОГАН НАРЕДИ: Aко купувате имот во Турција, еве како ќе платите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нареди продажба на имот и договори за закуп да се вршат само во турски лири. Ова е уште еден обид на властите во Анкара да ја поддржат својата валута, која од почетокот на годината изгуби речиси 40% од вредноста во однос на доларот.

Одлуката е објавена во турскиот Службен весник во четвртокот, и се наведува дека веќе постоечките договори за продажба и изнајмување кои се во странска валута, исто така треба да бидат направени во лири во рок од 30 дена, соопштува Ројтерс.

Продажба и изнајмување на недвижен имот во странска валута е вообичаено во Турција, особено во секторот на малопродажбата.

Слично

Поврзани вести