Ердоган направи владина чистка – сменети десет министри
По големиот корупциски скандал кој ја стресе турската влада, премиерот Реџеп Таип Ердоган, смени речиси половина од својот кабинет, вкупно 10 министри.
Ердоган во телевизиското обраќање рече дека именувал нови министри на местото на тројцата кои поднесоа оставки – за внатрешни работи, економија и екологија, но и дека ги сменил министрите за правда, сообраќај, семејни прашања, спорт, индустрија и еден од четворицата потпредседатели на владата.
Смената во турската влада била договорена на состанок зад затворени врати со претседателот Абдула Ѓул.
Слично
