Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Нападот во Реина има за цел да не сврти едни против други

Ердоган: Нападот во Реина има за цел да не сврти едни против други

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нападот во ноќниот клуб Реина во Истанбул има за цел да ги сврти Турците еден против друг и да ги продлабочи линиите на поделба, но истакна дека земјата нема да падне во оваа стапица, пренесоа американските медиуми.

Ердоган даде свој коментар во говорот емитуван во живо од Анкара. Ова е негова прва јавна изјава пред нацијата по нападот во ноќниот клуб на новогодишната ноќ, каде загинаа 39 лица. 

„Исламска држава" ја презеде одговорноста за терористичкиот акт, чиј сторител не е фатен.

Одговарајќи на обвинувањата од минатото дека Турција дала поддршка на ИД, Ердоган изјави дека „да се претставува земјата, која е на чело на најголемата битка против ДАЕШ, „Исламска држава", како поддржувач на тероризмот, е она што го сака терористичката организација ".

Ердоган истакна дека во Турција начинот на живот на ниту еден човек не е загрозен. Оние кои тврдат тоа, треба да го докажат. Мој долг е да ги бранам правата на секој еден, истакна претседателот.


Слично

Поврзани вести