Ердоган најави дека е можно да ја користат рубљата во трговија со Русија
Турција би можела да ја користи руската валута рубљата во трговијата со Русија, јави турската телевизија А хабер, цитирајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој ќе даде инструкции 30 брода со сончогледово масло кои во моментов се наоѓаат во Азовското Море да тргнат кон Турција, пренесува А хабер.
„Анкара и Москва може да користат „долар, евро, рубља, злато и јуан во трговијата“, изјавил Ердоган во телефонскиот разговор со рускиот колега Владимир Путин.
Русија е еден од главните трговски партнери на Турција.
Рубљата падна на рекордно ниско ниво. Еден долар се тргува за 155 рубљи.
Од почетокот на оваа година руската валута загуби 90 отсто од вредноста во однос на доларот.
Слично
