Ердоган му се закани на папата поради ерменскиот геноцид
Турскиот претседател Реџеп Ердоган го предупреди папата Фрањо да не ја повторува грешката да ги оценува масакрите над Ерменците во Отоманската империја како геноцид.
Како одговор на изјавата на папата пред неколку дена, Ердоган изјавил дека кога политичарите се прават историчари, резултатот без факти, доаѓа до делириум.
„Повторувам повикот да создадеме заедничка комисија на истражувачи и нагласувам подготвеност да ги отвориме архивите“ изјавил турскиот претседател Реџеп Ердоган.
Политичарите во Турција се обидуваат да ги смират националистите околу себе два месеци пред парламентарните избори во земјата, истакнува „БиБиСи“.
Слично
