Ердоган му го доделува мандатот на Давутоглу за формирање на влада
Премиерот прво ќе си поднесе оставка за да му биде доделена повторно.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се состане со премиерот Ахмед Давутоглу за првпат по неуспехот на владејачката партија да го задржи парламентарното мнозинство, кој се соочи со земјата пред избор меѓу коалициска влада или нови избори.
На средбата меѓу двајцата политичари во претседателската палата, која ќе започне во 17.00 часот, Давутоглу ќе ја предаде својата оставка, а Ердоган ќе му врачи мандат да формира нова влада.
Тоа сепак нема да е лесна задача, откако владејачката Партија на правдата и развојот го загуби парламентарното мнозинство за прв пат откако дојде на власт во 2002, иако доби најголем дел од гласовите.
Малцинска влада би била кревка, а во моментов нема очигледни можности за коалиција, што ги прави новите избори единствената реална опција.
Ердоган може да свика нови избори во рок од наредните 45 дена, ако напорите за формирање на коалиција не се крунисани со успех.
