Ердоган менува судии и апси војници, кој дал наредба за воениот удар?
Властите во Турција сменија 2.745 судии, а 2.839 војници се уапсени поради сомнеж за учество во обидот за државен удар, кој се случи синоќа.
Сменети се и пет членови од Советот за судии и обвинители, кое важи за највисоко судско тело во Турција, пишува турската државна агенција Анадолија. Поранешниот командант на воздухопловните сили на Турција, генерал Акин Озтурк и неговиот зет полковник поручник, Хакан Каракуш се главните лица кои стојат зад обидот за преврат во Турција, објави турската телевизија СНН-Турк.
Тој беше назначен за командант на воздухопловните сили во август 2013 година, а во август лани се пензионираше.
Озтурк дал наредба во 22 часот синоќа за започнувањето на операцијата на Пуч во Анкара, пишуваат тамошните медиуми.
Турскиот премиер Бунали Јилдирим изјави дека ситуацијата во земјата сега е целосно под контрола на државните власти.
Ердоган ги повика Турците да останат на улиците за да го спречаат евентуалниот нов обид за државен удар.
Повеќе од 194 луѓе загинале, а стотина се ранети во судирите во Анкара и Истанбул.
