Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Македонија секогаш ќе остане Македонија

Ердоган: Македонија секогаш ќе остане Македонија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по подолго време повторно се вклучи во јавноста со свој став за грчко-македонскиот спор кој според него не треба да заврши со промена на името Македонија.

Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија затоа што Грција не е во право. Македонија секогаш ќе остане Македонија, изјави вчера на дебата, пренесувана од Турската радио-телевизија.

- Тоа што сме го заборавиле во 1912 година сега можеме да го поправиме, рече Ердоган според кого Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името, но Турција секогаш ќе биде до Македонија и нема да дозволи да се менува името.

На конференцијата организирана во клубот на иселениците од балканските простори, Ердоган порача дека Турците и Македонците се браќа и дека Турција секогаш ќе стои зад Македонците.

„За нас, Анкара и Скопје немаат никаква разлика и никогаш нема да ги оставиме нашите браќа сами, секогаш ќе сме со нив, и секогаш ќе им помагаме и стоиме зад нив“ порачал турскиот претседател.

Слично

Поврзани вести