ЕРДОГАН ЛУТ: Ако Турција не учествува во операцијата во Мосул, ќе го активира план Б
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја е решена да учествува во планираната операција против „Исламска држава“ во ослободувањето на ирачкиот град Мосул.
А ако не биде вовлечена во операцијата Турција ќе го активира „план Б“, пренесе Ројтерс.
Ердоган вели дека Турција би сакала да ја објави својата желба да учествува во коалициската операција пред меѓународните партнери во наредните неколку дена. Тој не даде детали каква ќе биде алтернативната стратегија.
Турција е во жесток спор со Ирак за тоа која од двете страни да учествува во ослободувањето на Мосул, што се очекува да започне овој месец. Анкара стравува од учеството на шиитски и курдски делови во воената операција.
Во меѓувреме терористичката група “Исламска држава“ откри заговор на еден од нејзините теренски команданти, кој тајно преминал на страната на владините сили во Ирак и планирал да им помогне за време на операцијата за ослободување на контролираниот Мосул од страна на џихадистите .
Вработен во ирачкото разузнавање го проценува настанот како “обид за државен удар“ во раководството на ИД во градот.
