Ердоган: Користењето контрацептивни средства е еднакво на предавство
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, оценил дека контролата на раѓањето деца е еднаква на „предавство“ и дека контрацептивните средства се закануваат да „пресушат цела една генерација“.
„Едно дете или две...не се доволни. Како ќе ја направиме нашата нација посилна? Нам ни е потребна динамична и млада популација. Мораме да ја одведеме Турција едно ниво над модерната цивилизација“, рекол Ердоган.
Според турскиот претседател едно дете значи осаменост, две значат ривалство, три значат баланс, а четири значат богатство.
Ваквата изјава Ердоган ја дал за време на своето обраќање пред функционерите кои присуствувале на венчавката на синот на еден турски бизнисмен и негов близок сојузник, Мустафа Кефелиј, пренесува „Доган“.
Ердоган истакнал дека контролирањето на раѓањето е „предавство на настојувањето на турската држава да се развие како нација со доминантно млада популација.
„Во оваа земја противниците со години се вклучени во ова предавство обидувајќи се да го контролираат раѓањето со што се заканува „сушење“ на една цела генерација“, додал тој.
Слично
