Ердоган кон Турците: Доларите сменете ги во лири!
Централната банка на Турција одлучи да ги зголеми каматните стапки за прв пат по три години.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги повика турските граѓани да ги продадат доларите кои ги имаат, и да купуваат злато и турски лири. Повикот беше упатен поради постојаното поевтинување на турската лира во однос на доларот и еврото - до рекордно ниско ниво од 3,52 за долари и 3,75 за евра.
„Оние кои ги држат валутите под перниците, треба да ги сменат своите пари во злато.Тие треба да ги разменат своите пари во лири"- изјави Ердоган на митингот во Анкара.
Тој вели дека нема друг избор освен намалување на каматните стапки, но тоа не се случи.
Слично
