Ердоган кон ЕУ: Колку ќе ни дадете, толку ќе добиете
Ако ЕУ го напушти бесмисленото непријателство кон Турција, нашата земја е целосно подготвена да стане полноправна членка, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Тој повторно ги постави условите пред Европа - визната либерализација, помош за бегалците и отворањето на поглавјата од преговарачкиот процес, и при тоа ги гарантира најдобрите намери.
„Колку ќе ни дадете, толку ќе добиете. Веќе трпението наша кон Европа се исцрпи. Ако ЕУ ги исполни своите обврски, ние исто стоиме зад секој свој збор, во спротивно тие си знаат "- рече тој.
Според него би било неточно Турција да биде класифицирана како западна или како источна држава, бидејќи тоа е регион, за кој сите дефиниции се вистинити, но нецелосни и колку ЕУ да се стреми да ја исклучи земјата од сопствените вредности, таа останува европска.
