Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган ќе бира меѓу Америка и Русија?

Ердоган ќе бира меѓу Америка и Русија?
Претседателот на Турција,  Реџеп Таип Ердоган, моментално е поблизок со рускиот претседател, Владимир Путин отколку со Вашингтон и ЕУ.

Извинувањето до Кремљ поради рушењето на нивниот авион, смирувањето со Израел и најавата на можна соработка со сирискиот лидер Башар ал Асад, направија Ердоган да ги подобри односите со Москва. За тоа сведочи најавата за средба помеѓу Путин и Ердоган, закажана за во август. Путин меѓу првите го покани Ердоган и му даде поддршка по немирите во Истанбул.

Со Вашингтон односите се влошени затоа што Сулејман Сојлу, еден од министрите на Ердоган, отворено ги обвинил САД за соучесништво во организирањето на обидот за државен удар. Шефот на американската дипломатија Џон Кери, одговори остро на ова обвинување и ја предупредил Турција дека таквите изјави сериозно ги загрозуваат односите на двете земји. Претседателот на САД, Барак Обама  апелираше до Ердоган демократски да се бори со пучистите.

Јоханес Хан, комесарот на ЕУ за проширување кажа дека делува како турската Влада однапред да подготвила листа за отстрел.

Слично

Поврзани вести