Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН ЈА ПРОВОЦИРА ГРЦИЈА: Отворете ги границите, ослободете се од товарот

ЕРДОГАН ЈА ПРОВОЦИРА ГРЦИЈА: Отворете ги границите, ослободете се од товарот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Грција да ги отвори своите граници и да ги пропушти мигрантите на патот кон европските земји.

-Овие луѓе нема да останат во вашата земја, тие ќе одат во други европски земји. Зошто не ги отворите своите врати, да ги пуштите да одат во други земји и да се ослободите од тој товар-им порача Ердоган на Грците.

Тој во говорот во Истанбул по повод Денот на жената, истакна дека жените и децата поднеле најголем товар на кризата.

-Дали срцето на Западот е скршено поради сето тоа? Не. Дали го крева својот глас? Не“, рекол Ердоган.

Слично

Поврзани вести