Ердоган ја обвини „Исламска држава“, курдските милитанти и сириското разузнавање за нападот во Анкара
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјавил дека зад самоубиствениот бомбашки напад во Анкара од 10 октомври, во кој загинаа 102 лица, стојат „Исламска држава“, курдските милитанти и сириското разузнавање.
„Велат дека „Исламска држава“ го извршила нападот. За мене ова е колективен терористички акт. Во него учествувале „Исламска држава“, Курдската работничка партија (ПКК), сириското разузнавање и партијата „Демократски сојуз“ на Курдите во Сирија (PYD). Сите тие го планирале заедно овој напад“, изјавил претседателот.
Турските власти успеале да идентификуваат еден од атентаторите. Неговото име е Јунус Емре Алагиоз, пренесе агенцијата „Анадолија“. Се смета дека тој бил член на „Исламска држава“ на територијата на Турција.
Според обвинителството нападот во Анкара е поврзан со оној во Суруч, извршен на 20 јули. Инспекторите утврдиле дека Алагиоз е брат на мажот, кој го извршил нападот во Суруч, во кој загинаа 33 лица, потсетуваат весникот „Заман“.
Се смета дека и двајцата браќа се членови на „Исламска држава“ во југоисточната провинција Адиман. Личноста на вториот бомбаш-самоубиец се уште не е специфицирана.
Иако индициите против „Исламска држава“, турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјавил пред време дека најверојатно како „Исламска држава“, така и борците на Курдската рбаотническа партија (ПКК) имаат улога во атентатот.
