Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН ЈА ОБВИНИ ЕУ: Што не исполни Унијата?

ЕРДОГАН ЈА ОБВИНИ ЕУ: Што не исполни Унијата?

Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека Европската унија ја предала Турција што се однесува до обврските во рамките на договорот за бегалци, пишува „Хуриет“. 

За време на својот говор на состанокот на Генералното собрание на ОН, посветено на бегалците, турскиот државен шеф посочи дека Турција го почитува својот дел од постигнатиот аранжман во март .

„Како одговор на тоа ветување, направено од ЕУ кон Турција, за жал не беше исполнето“, рече тој и додаде дека „Турција била оставена сама од почетокот на сирискиот конфликт“.

Турскиот политичар упати остра критика и спрема самата политика на ЕУ во однос на бегалците, велејќи дека Унијата никогаш нема да може „да даде сметка за недостатокот на единство, кое го покажала во лицето на таква фундаментална хуманитарна криза“. 

Во рамките на договорот меѓу Брисел и Анкара за секој вратен мигрант во Турција ЕУ вети дека ќе земе по еден сириски бегалец.

Во замена за помош на земјата Унијата вети дека ќе и обезбеди финансиска помош во износ од 6 милиони евра, забрзување на преговорите за членство, како и визна либерализација. 

Последното предизвика конфликт меѓу Брисел и Анкара, бидејќи Унијата побара од Турција да преземе реформи на анититерористичното законодавство што таа одби .

Во моментот од Сирија и Ирак на турска територија се околу 3 милиони бегалци.

Според зборовите на претседателот Турција одвоила вкупно 25 милијарди долари за бегалци, од кои 12 милијарди се обезбедени од државниот буџет. Останатите средства се обезбедени од општинските буџети и од невладини организации.

Слично

Поврзани вести