ЕРДОГАН ЈА НАЈАВИ КАНДИДАТУРАТА - Јас сум кандидатот на Народна алијанса
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека ќе биде кандидат на следните претседателски избори.
- Јас сум кандидатот на Народната алијанса, изборите ќе бидат во средината на јуни следната година - изјави Ердоган на партискиот состанок во Измир, пренесуваат турските медиуми.
Ердоган со оваа изјава ја негираше можноста дека ќе има предвремени избори.
Следните општи избори во Турција (претседателски и парламентарни) ќе се одржат во јуни 2023 година.
Слично
