ЕРДОГАН ИМА НОВА СТРАТЕГИЈА ВО БОРБА ПРОТИВ ИНФЛАЦИЈАТА: Намирниците, горивото и каматите - приоритет
Според официјалните податоци за јануари, инфлацијата во Турција порасна на 48,69 отсто на годишно ниво, а независните експерти тврдат дека е околу 115 отсто
Критичарите, сепак, велат дека земјата страда од висока инфлација поради инсистирањето на Ердоган да ги намали каматните стапки.
Покрај тоа, Унгарија ќе го продолжи лимитот на цената на горивото за уште три месеци, изјави премиерот на таа земја Виктор Орбан. Тоа е најновата антиинфлациска мерка што ја најави неговата влада.
„Ограничувањето на цената функционираше, така што го продолжуваме за уште три месеци“, рече Орбан, пренесе Ројтерс.
Тоа значи дека ограничувањето на малопродажната цена на горивото до 480 форинти (1,53 долари) за литар, што требаше да истече следната недела, ќе остане на сила до 15 мај.
Соочена со растечките цени, што би можело да ја подигне инфлацијата на највисоко ниво од 2008 година, владата на Орбан ги намали основните цени на храната во февруари, продолжувајќи ги постојните ограничувања за цените на енергијата, горивото и хипотекарните заеми.
И покрај контролите на цените, унгарските потрошувачки цени се зголемија со најбрзо темпо во последните 15 години во јануари, како и базичната инфлација, што ги натера аналитичарите да сигнализираат за потребата од натамошни зголемувања на каматните стапки. Унгарскиот премиер ги ограничи и каматните стапки на хипотекарните заеми до крајот на јуни, со цел да ги заштити должниците од зголемените трошоци за отплата.
