ЕРДОГАН И ВРТИ ГРБ НА ЕУ: Со овие две земји сака сојуз!
Реџеп Ердоган во разговорот со иранскиот претседател дал изјава која, судејќи по се, открива дека Турција дефинитивно избрала страна во геополитичките превирања на денешницата.
Хасан Рухани, претседателот на Исламска Република Иран во телефонски разговор со претседателот на Турција го осудил неодамнешниот обид за државен удар во оваа земја и нагласил дека Иран ќе остане со народот и владата на Турција.
Рухани нагласил дека кревањето на народот во одбрана на демократијата укажува дека „во регионот нема место за паганство“.
„Мирот и стабилноста во Турција ќе го подобрат мирот и стабилноста во целиот регион, а нема сомненија дека некои од големите сили и терористички организации не сакаат мир и стабилност во исламските земји“, рекол Хасан Рухани изразувајќи го задоволството поради враќањето на стабилноста во Турција.
Реџеп Ердоган од своја страна искажал задоволство поради повикот кој го примил од иранскиот претседател и додал дека неговата земја е одлучна за соработка со Иран и Русија во враќање на мирот и стабилноста во регионот.
