Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган и во „Туркиш ерлајнс“ подели откази

Ердоган и во „Туркиш ерлајнс“ подели откази
Турската државна авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека отпуштила 211 вработени поради нивната наводна поврзаност со верскиот покренувач Фетулах Ѓулен. Ѓулен турската влада го обвинува за обид за воен пуч на 15 јули. Во соопштението на „Туркиш ерлајнс“ се наведува дека работните договори на 211 работници се завршени поради оперативна неопходност, неефикасност, лоша работа, како и пружање поддршка на движењето на Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, пренесе Ројтерс. Во Турција после неуспешниот обид за пуч се отпуштени над илјада вработени во јавниот сектор поради сомневања дека се поврзани со бунтот. Се работи за војници, полицајци, судии, државни службеници, професори.
Слично

Поврзани вести