Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган и дава мандат на својата партија да состави влада

Ердоган и дава мандат на својата партија да состави влада

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека ќе побара од владејачката партија на правдата и развојот (AKP) да формира коалициска влада, откако таа го загуби своето мнозинство на парламентарните избори.

Ако АКП не успее во преговорите, Ердоган ќе им го даде мандатот на втората по гласови опозициска Републиканска народна партија (CHP). Само ако пропаднат во обидот да формираат влада, претседателот ќе го искористи своето право да прогласи вонредни избори.

Ердоган не прецизира какви се опциите за омилената коалиција, предводена од АКП, на која е коосновач. Аналитичарите укажуваат дека е поверојатно АКП да се сојузи со поставената трета Партија на националната акција, но широка коалиција со Републиканската партија е исто можна.

Уште откако беше јасно дека Партијата на правдата и развојот го губи целосно мнозинство, и Ердоган, и досегашниот премиер Ахмет Давутоглу истакнаа неколку пати пред медиумите дека волјата на турскиот народ е за коалиција.

Слично

Поврзани вести