Ердоган го впери прстот во ПКК за бомбашкиот напад во Кајсери
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за утринскиот бомбашки напад во Кајсери прстот го впери во радикалната курдска организација ПКК која смета дека повторно изведува терористички акти, овој пат против турската армија.
Премиерот Бинали Јулдирим потврди денеска дека нападот во Кајсери бил извршен од самоубиец, оценувајќи го како злосторство против човештвото.
Турските власти стравуваат дека ваквите напади може да се зголемат во наредниот период. Денес во бомба која експлодира покрај автобус загинаа најмалку 13 војници и цививили, а над 40 се тешко повредени.
Слично
