Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган го спасува туризмот

Ердоган го спасува туризмот

Турција ги презема потребните мерки за осигурување на безбедноста на туристите, категоричен е турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател појасни дека целта на земјата е повторно да стане светска туристичка дестинација, а крајбрежните области веќе „се безбедни".

 „Во овој момент во Турција, особено во туристичките области, нема какви било проблеми. Ние решително ги преземаме потребните мерки во овие области "-  изјави уште Ердоган.

Тој изрази и уверување дека ќе успеат да ги вратат руските туристи, за што се договориле со рускиот претседател Владимир Путин малку пред последните напади во земјата, кога од Русија итно ги прибраа сите сонародници.  Туризмот ги зближува нашите народи. Сигурен сум дека во иднина, благодарение на доаѓањето на Руси, нашата соработка ќе се развива, смета Ердоган.

Слично

Поврзани вести