Ердоган го предложи Давутоглу за нов премиер
Новоизбраниот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган го предложи министерот за надворешни работи Ахмет Давуоглу за нов лидер на владечката парија и иден премиер.
Изборот на премиер и лидер на партијата би требало да биде потврден на посебен конгрес на партијата следната недела.
Новоизбраниот претседател на Турција, кој ќе положи заклетва на 28 август, вети дека ќе го поддржи Давутоглу во унапредувањето на мировниот процес со курдското малцинство.
Ердоган вчера имаше консултации со функционерите на партијата Правда и развој (АКП) за изборот на новиот партиски лидер и премиер, кој ќе го замени на двете функции.
Давутоглу ја водеше турската надворешна политика од 2003 година како министер и како соработник.
Слично
