Ердоган го повикува Блискиот Исток да се обедини против разгорувањето на непријателството
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика земјите од Блискиот Исток да се обединат за да се спротивстават на заговорот за разгорување на меѓурелигиското непријателство во регионот.
Во интервју за ТВ каналот „Ал Арабија“, цитиран од медиумите, тој изјавил дека е неопходно земјите од регионот да ги здружат силите и да ги надминат проблемите.
„Ако успеат да го направат тоа, исламскиот свет ќе стане уште посилен“, изјавил Еродган.
Тој признал дека има несогласувања помеѓу Турција и Иран, но дека тие не треба да влијаат на добрососедските односи.
Слично
