Eрдоган ги праќа Турците да купуваат недвижнини во Црна Гора?
Во последните месеци опадна интересот на странците за купување на станови во Црна Гора, велат од агенциите за недвижнини, но и Турци има помалку поради изборите во земјата и падот на лирата.
Владан Станишиќ од агенцијата Gold agent вели дека од почетокот на годинава Турците купувале станови во Будва, но веќе два месеци има како купувањето е запрено, пренесува CDM.
Но, тој додава дека по победа на Рецџеп Таип Ердоган ќе се вратат турските купувачи, и смета дека изборите довеле до застој.
Наведува и дека интересот на Русите слабее за купување, но важно е да се напомене дека Русите не ги продаваат имотите кои претходно ги купиле.
Слично
