Ердоган: ЕУ не прави доволно за спречување на тероризмот
Турскиот претседател Реџеп Ердоган ја критикуваше Европа дека прави премногу малку, исправена пред лицето на тероризмот во интервју за германската телевизија ARD.
Тој истакна дека Анкара се бори против тероризмот од 30-35 години.
Државната глава на Турција го обвини Берлин дека сериозно ја поддржува терористичката група ПКК.
„Предадов над 4.000 досиеја на германскиот лидер Ангела Меркел. Кога ја прашав што направила, таа ми рече дека е во тек судски процес“, коментира Ердоган. Тој посочи дека се уште има многу терористи, кои живеат во Германија, Франција, Белгија и Холандија и иако Турција дала информации на властите за овие луѓе, но тие не се предадени.
Ердоган ја повика Европа за заедничка акција против тероризмот и осуди ги остро терористичките напади во Европа.
„Нема да ја прифатам етикетата „исламски тероризам“. Тој е навреда за сите муслимани“, коментира претседателот на Турција.
Запрашан за можното враќање на смртната казна, Реџеп Ердоган изјави дека кај демократиите одлуката е во рацете на луѓето. Тој посочи дека смртната казна е практикувана во многу демократски држави надвор од Европа.
За договорот за бегалци Ердоган увери дека обидот за преврат нема да ја промени посветеноста на Анкара за договорот со ЕУ за бегалците. Тој беше категоричен дека Турција ќе продолжи да го почитува договорот.
На 18 март Турција и ЕУ склучија договор кој цели да се намали нелегалната миграција во Егејското Море. Во оваа врска беа преземени строги мерки против шверцерите на луѓе и за подобрување на условите за скоро 3 милиони бегалци во Турција.
Зделката вклучуваше 6 милијарди евра помош за Турција од ЕУ, кои треба да ги покријат потребите на мигрантите.
„Прашајте ги нив - ЕУ. Дали и платија? Турција се уште им дава засолниште на 3 милиони луѓе. Што ќе прави Европа, ако ние ги пуштиме овие луѓе да одат во Европа“, запраша турскиотдржавен шеф.
Тој истакна дека во земјата има најмногу сириски бегалци, за кои се потрошени речиси 12 милијарди долари од државниот буџет на Турција од почетокот на кризата во Сирија во 2011 година.
Ердоган додаде дека ЕУ има обезбедено само 2 милијарди евра за бегалците и истакна дека Турција ќе продолжи да се грижи за сириските бегалци, дури и ако ЕУ не обезбеди финансиска помош.
