Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган дециден: Нема да се извиниме за соборувањето на Су-24

Ердоган дециден: Нема да се извиниме за соборувањето на Су-24

„Турција нема да се извини за инцидентот со рускиот Су-24“, изјавил претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. „Мислам дека ако некој треба да се извини, тоа не сме ние. Да се ​​извинат треба оние кои го прекршиле нашиот воздушен простор. Нашите пилоти едноставно ги исполниле своите обврски, кои се содржат во тоа да дадат одговор на прекршокот“, изјавил Ердоган.

Претходно денеска Ердоган изјавил дека Турција ќе постапува на овој начин и друг пат во случај на нарушување на воздушниот простор. Притоа тој исто така изјавил дека Турција ја смета Русија за стратешки партнер и е вознемирена од реакцијата за инцидентот со Су-24.

Претседателот на Русија, Владимир Путин обрна внимание денес на фактот дека до моментов од страна на Анкара нема оправдување за соборениот авион, нема предлог за надоместување на штетата, ниту пак ветување да се казнат виновниците.

Рускиот Су-24 беше соборен од борбен авион F-16 на турските воздухопловни сили во Сирија на границата со Турција. Загина еден од пилотите, а во спасувачката операција загина и еден руски маринец.

Претседателот на Русија го нарече инцидентот „удар во грб“.

Слично

Поврзани вести