Ердоган чека одобрение од Парламентот за егзекуција на пучистите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган посочи дека ќе чека официјлно одобрување од Парламентот за враќање на смртната казна со која ќе може да се извршат егзекуции врз организаторите на неуспешниот пуч иако за добар дел од нив судските постапки не се ни започнати.
- Нашата Влада до Парламентот ќе достави предлог за воведување на смртната казна. Уверен сум дека Парламeнтот ќе го одбори, а кога тој предлог ќе дојде кај мене на потпис, јас ќе го ратификувам. Тоа ќе се случи наскоро, немојте да се грижите. Ќе се случи наскоро ако даде Господ, изјави Ердоган на собир во Анкара.
По задушувањето на воениот удар по налог на Ердоган во Труција беа извршени масовни апсења на војници, полицајци, политичари, новинари, судии, наставници и други носители на јавни функции за кои постои сомнеж дека се дел од организацијата „Фето“ која е прогласена за терористичка, а наводно делувала по налог на прогонетиот проповедник Фетула Ѓулен.
