Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган бара Украина и Русија веднаш да престанат со борбите

Ердоган бара Украина и Русија веднаш да престанат со борбите

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика Украина и Русија веднаш да престанат со борбите и да „придонесат за мирот во светот“. 

Ердоган рече дека Анкара не се противи на проширувањето на НАТО и на ЕУ. Вака турскиот претседател го искоментира барањето на Украина да биде примена во ЕУ. 

Турција дели поморска граница со Украина и Русија и има добри врски со двете земји. Според пактот од 1936 година, Анкара вчера објави дека ги затвора своите теснеци на Црното Море за време на руската инвазија на Украина, ограничувајќи го минувањето на некои руски бродови од Средоземното Море.

Веќе шести ден се војува во Украина. На 24 минатиот месец, Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Инаку, Ердоган кажа денес дека Турција ќе му помогне на Косово да стане членка на НАТО. 

Слично

Поврзани вести