Ердоган бара Турците да ги заменат девизите во лири
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика граѓаните да ги конвертираат своите девизни заштеди во лири, за да ја поддржат слабата национална валута.
Лирата оваа година загуби околу 20 отсто од својата вредност во однос на американскиот долар.
„Моите браќа што имаат долари или евра под перниците, да одат и да ги сменат своите пари за лири“- вели Ердоган.
Тој ова го кажа на митингот во источниот град Ерзурум пред парламентарните и претседателските избори на 24-ти јуни.
И претходните години Ердоган повикуваше Турците да го направат истото за поддршка на лирата.
Слично
