Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН: Ако Израел има Железна купола, тогаш ние ќе имаме Челична купола

ЕРДОГАН: Ако Израел има Железна купола, тогаш ние ќе имаме Челична купола

Ќе изградиме сопствен систем за противвоздушна одбрана Челична купола, вели турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

„Ако Израел има Железна купола, тогаш ние ќе имаме Челична купола“, рече Ердоган. 

Тој како што пренесува Анадолу Балкан, особено го нагласи напредокот што го постигна Турција во областа на производството на беспилотни летала.

Ердоган ја повтори посветеноста на Анкара за понатамошно зајакнување на воените капацитети на Турција.

„Работиме на производство, развој или набавка на сè што бараат нашите воздухопловни сили, од проектили до системи за противвоздушна одбрана“, рече Ердоган.

Тој додаде  дека Турција е особено посветена на производството во одбранбената индустрија. Инаку, Ердоган ги критикуваше израелските власти за операцијата во Газа, каде загинаа голем број палестински цивили. 

Слично

Поврзани вести